Комерцијална банка трча и наградува на KOLORRUN 2022

Комерцијална банка и Debit Mastercard ќе наградуваат и ќе придонесат за добра дружба на новата трка KOLORRUN 2022.

13.09.2022

Одлични вести за сите спортисти, рекреативци и љубители на спортот! На 18 септември ќе има нова, шарена и возбудлива трка во Скопје, која со задоволство ја поддржуваме!

Комерцијална банка и Debit Mastercard ќе наградуваат и ќе придонесат за добра дружба на новата трка KOLORRUN 2022.

Ние излегуваме на KOLORRUN 2022 со троен предизвик – да ги поддржиме нашите колеги кои ќе учествуваат, да ги наградиме најдобро пласираните на 2,5 километри со подарок-картички за во East Gate Mall и да дадеме уште еден голем придонес за негување здрави спортски навики.

Излезете и вие за да ги поддржите тркачите и да уживате во забавата што ја организираат трговскиот центар East Gate Mall и атлетскиот клуб Кorrunners.   

[]