
Комерцијална банка и оваа година со гордост ќе придонесе за поддршка на спортот и здравиот животен стил како Златен спонзор на трката од 5 километри на Скопски маратон 2025.
Скопскиот маратон е еден од најголемите спортски настани во земјава, кој секоја година обединува илјадници учесници и љубители на трчањето од сите генерации. Трката од 5 км, која ја поддржуваме како банка, претставува достапен и мотивирачки предизвик за сите – млади и постари, рекреативци и професионалци, семејства, пријатели и колеги.
Како општествено одговорна компанија, веруваме во силата на спортот да создаде здрави навики, ентузијазам и заедништво. Затоа со задоволство ја продолжуваме оваа успешна соработка со Скопски маратон.
Ги повикуваме сите вљубеници во трчањето, движењето и позитивната енергија да ни се придружат за заедно да ги обоиме улиците на Скопје во зелено.

