Комерцијална банка наградена од ЕБОР за „Most Active Issuing Bank in 2022 in North Macedonia“

Комерцијална банка ја добива оваа награда од ЕБОР во континуитет речиси две децении како признание за најактивна банка во областа на меѓународните инструменти за финансирање на меѓународната трговија во земјава.

08.06.2023

Европската банка за обнова и развој по 19-ти пат ја награди Комерцијална банка за „Most Active Issuing Bank in 2022 in North Macedonia“.

Комерцијална банка ја добива оваа награда од ЕБОР во континуитет речиси две децении како признание за најактивна банка во областа на меѓународните инструменти за финансирање на меѓународната трговија во земјава. 

Ова е признание, пред сѐ, за тимот за документарно работење на Комерцијална банка, кој се докажува со својата експертиза и професионално искуство и во меѓународни рамки.

[]