
Шест ученици, победници на натпреварот во раскажување книги организиран од Фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“, добија вредни награди од Комерцијална банка – штедни книшки „Верверичка“ со подарок депозит.
Комерцијална банка со гордост го поддржа овој натпревар, кој претставува значаен придонес за квалитетно образование, развој на критичкото мислење и поттикнување на љубовта кон пишаниот збор. Иницијативата има и поширока општествена вредност, бидејќи ги охрабрува децата да се посветат на читање и размислување, наместо на прекумерна изложеност на социјалните мрежи.
Учениците кои беа наградени покажаа силна посветеност и ентузијазам – тие прочитаа најголем број книги и се истакнаа со вештината на раскажување на прочитаното. На финалниот натпревар, организиран со учество на 26 деца, овие ученици се истакнаа со креативност и инспиративни интерпретации.
Комерцијална банка ги награди првопласираните со штедна книшка и подарок депозит од по 10.000 денари. Второ пласираните добија депозит од по 6.000 денари, а трето пласираните по 4.000 денари.

Оваа поддршка не е само награда за нивниот труд и љубов кон книгите, туку и поттик за развој на финансиска писменост од најрана возраст. Комерцијална банка верува дека добрите навики се стекнуваат уште во детството – и кога станува збор за читањето, и кога се работи за штедењето. Целта е овие деца да израснат во одговорни и самосвесни млади луѓе со стабилна финансиска иднина.
Преку вакви иницијативи, Комерцијална банка продолжува да вложува во младите генерации, со верба дека знаењето, љубопитноста и финансиската писменост се темел за посветла иднина.
