И 8 февруари може да биде 8 Март

Комерцијална банка оваа година ќе биде спонзор на активностите на Националниот совет за родова рамноправност, а со својата акција „Биди своја, биди силна!“ ќе придонесе за охрабрување и едуцирање на жените за да постигнат поголема финансиска независност, да ги искористат своите права и можности и да напредуваат во секој сегмент од животот.

08.02.2024

Правата, можностите и изборот како привилегија на секое хумано суштество се секојдневие во нашето корпоративно делување, а се и поттик како општествено одговорна компанија да ја инспирираме, охрабриме и мотивираме секоја жена да направи правилен избор, да стане финансиски независна и полесно да ги надмине предизвиците во кои не треба да биде оставена сама.

Комерцијална банка порачува дека секој ден може и треба да биде 8 Март за секоја жена, кога таа ќе се чувствува исполнета, почитувана, посветена, среќна и желна за нови предизвици и успеси.

За таа цел Комерцијална банка оваа година ќе биде спонзор на активностите на Националниот совет за родова рамноправност, а со својата акција „Биди своја, биди силна!“ ќе придонесе за охрабрување и едуцирање на жените за да постигнат поголема финансиска независност, да ги искористат своите права и можности и да напредуваат во секој сегмент од животот.

Комерцијална банка финансиски ќе го поддржи проектот „Дигитализација и дигитална видливост на услугите на Советувалиштето и СОС линијата при НСРР“. Но, покрај тоа во текот на целата година:

  • Ќе ги едуцира жените за основните финансиски производи и услуги кои им стојат на располагање за одговорно и самостојно управување со нивните лични финансии,
  • Ќе ги мотивира и охрабрува преку личните примери на жени-вработени во Банката, кои се амбициозни, храбри, мотивирани и успешни,
  • Ќе ги поттикнува да се борат за својот напредок затоа што тоа значи прогрес за целото општество.

Ценејќи го придонесот на Националниот совет за родова рамноправност за постигнување родова еднаквост, развој и заштита на женските и човековите права, Комерцијална банка беше поддржувач на активностите на оваа организација и во периодот од 2007 до 2016 година. Со новата соработка се стремиме кон нови предизвици со кои ќе помогнеме за елиминирање на сите форми на дискриминација на жените и за градење општество со еднакви можности. Родовата еднаквост не е само основно човеково право туку и основа за постигнување напредок и одржлив развој со искористување на целокупниот хуман потенцијал.

[]