
Ако една компанија секојдневно треба да изврши десетици плаќања кон добавувачи и вработени, зошто би го трошеле времето да ги завршите овие административни процедури со чекање во банка кога со дигитално банкарство сите трансакции се завршуваат со неколку кликови.
Дигиталното банкарство не ви заштедува само време, туку ги намалува и оперативните трошоци на компанијата и ви овозможува да се фокусирате на раст и на иновации.
Мобилната апликација мБанкаКо на Комерцијална банка овозможува лесен и безбеден пристап до голем број банкарски услуги преку мобилен телефон или таблет, секогаш кога ви се потребни - на кое било место, во кое било време и целосно независно од работното време на Банката.
Предностите од користењето на мобилната апликација мБанкаКо ги образложува Горан Јакимовски, Самостоен координатор за платежни услуги и надворешно трговски инструменти во Комерцијална банка, кој секојдневно со својот тим им помага на клиентите да ја зголемат ефикасноста, брзината и сигурноста во нивното финансиско работење.
Кои се предностите од користењето на мобилната апликација мБанкаКо и кои функционалности ги нуди за правните лица?
Најголемата предност е што на корисникот му овозможува пристап до голем број платежни услуги преку неговиот мобилен телефон или таблет, секогаш кога му се потребни и без потреба од поседување дигитален сертификат. Едноставно, со мБанкаКо клиентите имаат Банка на дофат на рака.
Како платежните услуги преку мБанкаКо се прилагодуваат на потребите на правните лица?
Апликацијата континуирано ја прилагодуваме на потребите на клиентите, како што е последната измена и имплементирање на повисоки лимити за плаќање преку мБанкаКо. Лимитот по налог е зголемен до 1.000.000,00 денари, а дневниот лимит до 10.000.000,00 денари. Со оваа промена придонесуваме и им овозможуваме на компаниите да имаат зголемена флексибилност во своите секојдневни оперативни активности, без потреба од посета на шалтер или користење на компјутер.
Колку пониските надоместоци за трансакции преку мБанкаКо, во споредба со традиционалните банкарски услуги, ги намалуваат трошоците на компаниите?
Постои значителна разлика во надоместоците за извршување на платежните трансакции преку електронското банкарство во однос на извршување на платежните трансакции преку шалтер. Намалувањето на надоместоците е за околу 60% во однос на надоместоците кои се наплаќаат на шалтер и ова значително влијае и ги намалува оперативните трошоци на компаниите.
Покрај намалените надоместоци за извршување на платежните трансакции преку мобилна апликација, истовремено компаниите значајно заштедуваат време и ресурси за посета на шалтерите на Банката.
Која услуга на мБанкаКо најмногу ја користат компаниите?
Корисниците најмногу ја користат мобилната апликација мБанкаКо за проверка на состојбата на платежната сметка на правното лице и за извршување на плаќања. Услугата проверка на состојбата им овозможува брз и едноставен увид во финансиите, со што имаат подобрен пристап и контрола врз финансиите.
Услугата за извршување плаќања преку мобилната апликација им овозможува мобилност во извршувањето на финансиските обврски, како што се плаќање на фактури, пренос на средства, исплата на плата и слично.
Мобилната апликација мБанкаКо за прв пат е пуштена во декември 2018 година, и од тогаш континуирано бележиме раст на бројот на корисници и на бројот на извршени трансакции. Над 8.000 корисници има мБанкаКо и со неа прават над 50.000 трансакции годишно.
Дали правните лица имаат некои специфични барања за банкарските платформи денес и на кој начин Комерцијална банка излегува во пресрет на нивните потреби?
Голем дел од нашите клиенти многу активно ги следат новитетите во дигиталниот свет и сакаат што повеќе од нив да применат во своето работење токму поради бројните предности кои ги нудат во зголемување на ефикасноста и намалување на трошоците. Комерцијална банка отсекогаш посветувала многу внимание и ресурси во развивање најсовремени дигитални платформи и во тие процеси на постојан развој секогаш ги вклучува барањата на клиентите.
Едно од барањата на клиентите беше поедноставување на постапката за реализирање на налозите преку електронското банкарство, на кое Банката позитивно одговори и со новата Интернет банка клиентите ќе имаат можност да одберат едноставна политика на потпишување, со која реализирањето на налозите ќе биде во еден чекор наместо сегашните три чекори за реализација.
Електронското банкарство, исто како и мобилното, постојано го надградуваме и прилагодуваме на потребите на нашите клиенти. Во поново време актуелни се барања од поголемите компании за автоматизиран начин на комуникација со Банката, кој ќе им овозможи банкарските платформи да станат повеќе од алатки за плаќање и да се интегрираат со нивните внатрешни софтверски системи, со што ќе им биде овозможено централизирано управување со податоците. Во таа насока го создадовме Host to Host решението, кое им овозможува на клиентите автоматизиран пристап во преземањето на изводите и преку директна серверска комуникација со Банката испраќање фајлови со инструкции за платежни трансакции.
Ова се само дел од тековните надградби на платформите што ги правиме согласно барањата на клиентите, пристап кој и натаму ќе го применуваме со цел да ги задоволиме потребите на современиот бизнис, а кои постојано еволуираат.