
Продолжуваме активно да придонесуваме за зголемување на финансиската писменост кај младите. Со „Финансиската училница“ и нашата Верверичка оваа недела се дружевме со 50 ученици од ООУ „11 Октомври“ во Скопје.
Со учениците разговаравме за парите, штедењето и важноста на личната финансиска одговорност. „Финансиската училница“ предизвика голем интерес и љубопитност кај учениците, кои поставуваа прашања, разменуваа идеи и покажаа дека светот на финансиите веќе не им е непозната област.
Заедно учевме како паметното управување со пари и навиката за штедење може да им помогнат да изградат стабилна и сигурна финансиска иднина.
„Финансиската училница“ е дел од нашата долгорочна заложба за поддршка на младите генерации затоа што веруваме дека знаењето е најдобрата инвестиција.

