Уплата на дневен промет на банкомат – без редови, без надомест, без грижи!

За компаниите што секој ден работат со готовински приливи, ваквите напредни решенија не се само олеснување, туку и стратегиска предност – особено во динамично и конкурентно деловно опкружување.

07.07.2025

Времето е пари, а знаеме колку се важни и едното и другото за секој бизнис. Секојдневното работење на компаниите денес бара брзи, ефикасни и флексибилни решенија.

Извршувањето финансиски трансакции повеќе не мора да значи чекање во ред, ограничување со работно време или дополнителни трошоци. Современите банкарски технологии овозможуваат компании од различни големини, особено мали и средни бизниси, да го оптимизираат секојдневното работење, да го зголемат протокот на средства, и притоа да заштедат време и пари.

Една од најпрактичните можности што им стои на располагање е уплата на дневен промет преку банкомат, без потреба од шалтерска услуга. Овој модел се наметнува како модерна алтернатива на класичните методи, нудејќи пристап 24/7, намалени трошоци и подобрена безбедност.

За компаниите што секој ден работат со готовински приливи, ваквите напредни решенија не се само олеснување, туку и стратегиска предност – особено во динамично и конкурентно деловно опкружување.

Комерцијална банка нуди уплата на дневен промет на банкомат без надомест со Visa Business Debit картичка во промотивниот период до 31.12.2025 година, решение со кое заштедувате време, пари и нерви.

Еве зошто вреди да ја користите оваа услуга:

  1. Заштеда од прв ден

Во промотивниот период до 31.12.2025, со оваа услуга не плаќате провизија за уплата на дневен промет и заборавете на шалтерите. На располагање имате над 80 cash in банкомати на Комерцијална банка низ целата држава.

  1. Достапност 24/7

Работно време? Не ви е важно! Банкоматите се тука за вас во секое време, ден или ноќ, секој ден од неделата. Работата не мора да чека до понеделник.

  1. Брзо и лесно

Неколку чекори и готово! Нема чекање ред, нема губење време. Уплатата веднаш се евидентира на основната платежна сметка на правното лице-имател на картичката.

  1. Безбедност на прво место

Ја намалувате потребата да носите готовина со себе подолго време.

Управувајте со парите паметно, брзо и безбедно. Комерцијална банка е ваш партнер за секојдневниот бизнис.

[]