Совршен подарок за секоја пригода
Со подарок-картичките на Комерцијална банка и Skopje City Mall, нема никогаш да погрешиш.
Со износи од 1.000, 3.000 и 5.000 денари и можноста да бидат искористени во голем број продажни места во Skopje City Mall, картичките се одличен и практичен подарок за роденден, венчавка, Нова година или кој било друг повод. Најмодерна облека, обувки, козметика... остави го изборот на оној што најдобро знае.
Со привлечен дизајн на картичката, прекрасно пакување и можност за уникатна посвета, твојот подарок никогаш нема да разочара и ќе ги освои срцата на твоите сакани.
Користење на картичките
Подарок-картичките се добиваат и се користат наједноставно.
Сѐ што треба да направите е да ја посетите најблиската експозитура на Комерцијална банка и да го одберете износот кој сакате да го подарите – 1.000, 3.000 или 5.000 денари.
Картичките се добиваат веднаш и без пополнување формулари.
Подарок-картичката не е персонализирана, односно на неа нема име и презиме и може да се користи од лицето што ја поседува.
Износот на картичката може да се искористи во продажни места во трговскиот центар Skopje City Mall кои се дел од оваа програма, во период од 6 (шест) месеци од нејзината набавка.
Износот може да се троши повеќекратно, а сопственикот може да ја провери состојбата на својата картичка во кое било време преку интернет-сајтот на Комерцијална банка на следниот линк или на шалтерите на Банката.