Дебитни картички

Едноставно решение за плаќање и подигање пари.

Прифатени од најголем број клиенти, дебитните картички на Комерцијална банка се најраспространетиот и наједноставен платежен инструмент, кој секојдневно ти овозможува лесно и безбедно плаќање и подигнување готовина, каде било во светот.

На продажно место, на банкомат или на банкарски шалтер – со Mastercard® и Visa дебитните картички твоите пари се секогаш со тебе.

Покрај извонредна практичност на брзо и безбедно плаќање без провизија, дебитните картички на Комерцијална банка носат уште една привилегија – купување на 3, 6, 12 или 24 рати, без камата. Провери ја листата на продажни места каде што може да се искористи оваа поволност и започни со планирање на следното купување.

Дебитната картичка се добива во наједноставна постапка и се користи со најниски надоместоци. 

Дебитна картичка на Комерцијална банка може да се издаде и на слепо лице во присуство на двајца сведоци. Сведоците на клиентот целосно му ја читаат содржината на  Општите услови на Комерцијална банка за издавање и користење на дебитни картички за физички лица. Својата согласност дека ги разбира и ги прифаќа одредбите регулирани со овој документ, клиентот ја потврдува со потпишување на Изјава за дебитна картичка за слепо лице со факсимил. 

Одбери ја твојата нова дебитна картичка и добиј повеќе од твоите пари:

Debit Mastercard® дебитна картичка

mastercard

Купувај на рати без камата, плаќај бесконтактно и користи ја на Интернет.

Повеќе

Debit Mastercard® World дебитна картичка

mastercard

Премиум дебитна картичка со бројни бенефиции и ексклузивни бесплатни привилегии.

Повеќе

Visa Debit дебитна картичка

visa

Сѐ што ти треба за плаќања дома, во светот или преку Интернет.

Повеќе



Подигни готовина во секое време преку широката мрежа на
банкомати на Комерцијална банка АД Скопје.

Локации на банкомати