Станбен кредит од Комерцијална банка сега со пониска каматна стапка и без трошоци за одобрување и процена

Станбениот кредит на Комерцијална банка ти овозможува бројни поволности за остварување на една од твоите најголеми животни желби.

01.10.2024

Со Станбениот кредит на Комерцијална банка сега си на чекор до твојот нов дом. Направи го и последниот чекор со избор на Станбен кредит со пониска каматна стапка и без трошоци за одобрување, администрирање и процена во промотивниот период до 31.12.2024 година.

Станбениот кредит на Комерцијална банка ти овозможува бројни поволности за остварување на една од твоите најголеми животни желби.

Во промотивниот период има фиксна годишна каматна стапка од 3,1% за првите пет години. Достапен е и со опција за вклучено животно осигурување преку Триглав Осигурување Живот АД Скопје, а сѐ со цел да добиеш финансиско решение кое ќе ги задоволи и твоите желби и твоите можности.

Кредитот е наменет за купување, изградба, доградба или реконструкција на стан, куќа или деловен простор, како и за купување градежно земјиште или недвижен имот во странство.

Преку следниот линк дознај повеќе за Станбениот кредит на Комерцијална банка, пресметај рата и поднеси податоци за да те контактираат нашите вработени.

[]