Наплатите и плаќањата се вршат со ефективни странски пари и со вообичаените инструменти на меѓународниот платен промет – дознака, инкасо документи, акредитив, чекови и други инструменти на безготовинско плаќање.
Сите активности од платежните услуги со странство се вршат согласно Законот за девизно работење, Законот за платежни услуги и платни системи, Одлуката за начинот на вршење на платниот промет со странство и Упатството за начинот на вршење на платниот промет со странство, како и останатата законска и подзаконска регулатива.
Наплати со инструмент дознака
За наплата од странство или по налог на нерезидент со платежна сметка во земјата, Банката го информира клиентот (резидент или нерезидент правно лице) – корисникот на наплатата на денот на валутата или најдоцна наредниот работен ден. За одобрување на девизните средства на платежната сметка на корисникот, потребно е корисникот да ги достави сите потребни податоци и документи до Банката.
Средствата од пристигнатите наплати можат да се користат за плаќање во странство, за службен пат во странство, за подмирување обврски или да се изврши продажба на истите на девизниот пазар.
Генерално овластување за приливи
Плаќања со инструмент дознака
При плаќање во странство или во корист на платежна сметка на нерезидент во земјата, налогодавачот (резидент или нерезидент правно лице) ѝ поднесува на Банката уреден налог за плаќање кој подразбира:
- Правилно пополнет и потпишан налог за плаќање (образец 1450);
- Обезбедено покритие кај Банката;
- Соодветен пропратен документ за утврдување на основ и обврска за плаќање.
Пристигнатите парични средства како наплата од странство, купените девизни средства на девизниот пазар или девизниот кредит, може да се искористат како покритие за плаќање во странство. Налозите за плаќање (Обр. 1450) може да се достават лично, преку Интернет банка или Банката да ги изготви истите во име и за смeтка на налогодавачот, врз основа на посебно овластување.
Прилог за плаќање во странство
Ефективни странски пари
Наплати и плаќања во ефективни странски пари, клиентите може да вршат врз основа на документација која е во согласност со Одлуката за условите и начинот под кои резидентите можат да вршат наплати и плаќања во ефективни странски пари во трансакции со нерезиденти.
Налозите за исплата на ефективни странски средства може да се достават лично во сите експозитури и филијали на Банката, преку Интернет банка или Банката да ги изготви истите во име и за сметка на клиентот, врз основа на посебно овластување:
Налог за подигање ефектива – експлоатациони трошоци
Налог за подигање ефектива – службено патување
Термински план за извршување на платежни трансакции за правни лица |
Прием на налози |
од понеделник до петок, од 8:00 до 16:00 часот |
Електронски прием на налози |
24 часа во денот, 7 дена во неделата |
Налози примени до 13:00 часот |
Датум на валута тековен ден |
Налози примени по 13:00 часот |
Датум на валута следен ден |