Кредити за МСП за отворање работни места со поддршка од Агенцијата за вработување и РБСМ

Нудиме одлична поддршка за отворање работни места и развој на помалите бизниси.

Кредитите за отворање работни места наменети за микро, мали и средни претпријатија се одобруваат од средства обезбедени од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија со посредство на Развојната банка на Северна Македонија.

Зошто оваа кредитна
линија?

  • Максимален износ до 5.000 евра за секое ново вработено лице
  • Без ограничувања на бројот на лица кои може да се вработат
  • Рок на отплата до 4 години
  • Можност за грејс период до 1 години

За што е наменета оваа кредитна линија?

Кредитот за отворање работни места со поддршка од Агенцијата за вработување на РСМ и РБСМ, согласно Одлука на Управниот одбор на Проектот формиран со Одлука на Владата на РМ од 25.02.2008 година, е наменет за правни лица кои ќе вработат невработено лице и кои:

  • се регистрирани најмалку 6 месеци пред денот на аплицирање,
  • имаат изготвено годишна сметка за претходната година,
  • имаат најмалку 1 вработено лице на денот на аплицирањето,
  • изградба и модернизација на производствените капацитети,
  • не го намалиле бројот на вработени лица во последните 3 месеци, пред денот аплицирање,
  • сакаат да вработат невработени лица кои се евидентирани во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија како активни баратели на работа, но кои не биле во работен однос кај истиот работодавач кој аплицирал за учество во Проектот најмалку 1 година пред денот на аплицирање.

Кредитот не е наменет за финансирање на отворање работни места во трговски друштва/правни субјекти со дејност, производство и промет на дрога и други штетни хемикалии.

Поважни информации

Износ на кредит

  • 5.000 евра за секое новоотворено работно место, без ограничување на лицата кои може да се вработат.

Рок на отплата

  • до 4 години.

Грејс период

  • до 1 година.

Начин на отплата

  • полугодишна отплата на главнината,
  • квартална отплата на камата.

Каматна стапка

  • 1% годишно, фиксна.

Во случај на доцнење се наплатува зголемена договорна камата во висина од 5 процентни поени над редовната.

Обезбедување

За обезбедување на кредитот се користи еден или комбинација од следните инструменти:

  • хипотека на недвижен имот во сооднос 1:1 во однос на одобрениот кредит,
  • сопствена меница авалирана од најмалку еден авалист, за која правата и обврските по однос на истата се уредени со менична изјава дадена во форма на нотарски акт и со извршна клаузула,
  • залог на подвижни предмети во однос 1:2 во однос на одобрениот кредит, вообичаени инструменти за обезбедување согласно Кредитната политика на Банката (хипотека на недвижен имот, залог на подвижни предмети, меници и др.)

Контакт

Телефон: (02) 3168-574; (02) 3168-575

e-пошта: corporatecredit@kb.mk

Милица Милошеска Гавровска

Стручен соработник за односи со клиенти (Loan оfficer)
Телефон: (02) 3168-507
e-пошта: Milica.MiloseskaGavrovska@kb.mk

Горан Ивановски

Самостоен координатор за кредитирање на стопанство
Телефон: (02) 3168-558
e-пошта: goran.ivanovski@kb.mk