Секој граѓанин кој сака да штеди може својата заштеда да ја вложи во Комерцијална банка. За штедниот влог може да добиете штедна книшка во која се впишуваат уплатите, исплатите, состојбата и пресметаните камати, или штедењето да биде без штедна книшка, со отворање паричен депозит, при што уплатите, исплатите, состојбата и пресметаните камати ќе ги следите преку Извештај за паричен депозит, достапен на шалтерите на Банката и преку Интернет банка или мБанка.
Отворање штеден производ
Отворањето штеден производ се врши со лична карта или пасош за домашни лица и со пасош за странски лица, во сите филијали и експозитури на Банката.
Постои можност со депозитот да управува и овластено лице. Овластувањето се врши на шалтерите на Банката, во присуство на двете страни - сопственикот на сметката и лицето кое се овластува.
Лицата кои се наоѓаат во странство можат да издадат овластување на друго лице. За подетални информации потребно е да се обратите на stedenje@kb.mk.
Каматни стапки
Каматните стапки на секој од моделите на денарско штедење Ви нудат одличен прилив на средства додека Вашите пари се чуваат на сигурно место. Каматите се зголемуваат зависно од периодот на орочување и истите се пропишани со деловната политика на Банката.
Банката нуди депозити со фиксни каматни стапки, кои се непроменливи во рокот на орочување, и депозити со променливи каматни стапки, кај кои каматната стапка може да се смени во рокот на орочување, но согласно однапред дефинирани економски показатели.
Банката нуди променливи каматни стапки само за договори склучени во периодот од 01.10.2017 до 30.09.2019. Кај штедните влогови кои се со променлива каматна стапка, нејзината висина зависи од висината на Референтната каматна стапка и корективната компонента утврдена од страна на Банката. Овие елемeнти се пропишани во дoговорите за штедни влогови што ги склучувате со Банката. Во овој момент Референтната стапка за денари изнесува 2,72 %.iКако Референтна каматна стапка се користи стапката што е објавена и достапна на веб-страницата на НБРСМ (www.nbrm.mk) под називот „каматна стапка на денарски депозити без валутна клаузула“. Банката на својата веб-страница редовно ќе ја објавува важечка референтна каматна стапка. ТУКА
Осигурување на депозитите
Вкупните депозити на депонентите во Банката се осигурени во Фондот за осигурување на депозити. Фондот ги обештетува вкупните депозити по депонент (ЕМБГ), но не повеќе од денарска противвредност на 30.000 евра во една банка, филијала на странска банка или штедилница, пресметана по среден курс на НБРСМ. Во наведениот износ се пресметува главнината на депозитот, пресметаната и припишаната камата, како и непристигнатата камата до денот на конечноста на решението. Ако Вашиот депозит го надминува законско пропишаниот максимум, тој дел од износот кој го надминува тој максимум, имате законско право да го барате од стечајната маса на банката.
Општи услови за штедење
Општи услови за паричен депозит