Кредитни картички

Секојдневни олеснувања за ефикасен бизнис.

Со деловните кредитни картички Mastercard® и Visa на Комерцијална банка добивате цел спектар на олеснувања за вашиот бизнис.

Картичките ги нудат сите предности на безготовинското плаќање и на вашето претпријатие му овозможуваат пристап до голем број финансиски услуги кои вистински придонесуваат за подобрување на секојдневното работење. Преку нивната прифатеност низ целиот свет, картичките се универзално платежно средство на кое ќе можете целосно да се потпрете, дома и во странство.

Одберете ја деловната картичка која најмногу ќе одговара на потребите на вашата компанија и започнете веднаш да ги користите поволностите кои ви се на располагање.

Mastercard® BusinessCard кредитна картичка

mastercard

Едноставно плаќање на службените трошоци секаде во светот, приспособлив лимит за секоја картичка во компанијата и бескаматен период до 42 дена.

Повеќе

Mastercard® меѓународна кредитна картичка

Eдна сметка во евра за користење во земјата и во странство, бескаматен период до 40 дена, можност за неограничен број картички во рамките на компанијата, секоја со приспособлив дневен лимит.

Повеќе

Visa Business Revolving кредитна картичка

visa

Mинимална месечна отплата од само 10%, бескаматен период до 40 дена, приспособлив дневен лимит на секоја компаниска картичка и едноставно следење на трошењето по корисници.

Повеќе

Visa Corporate кредитна картичка

visa

Наменета за средни и големи компании, овозможува едноставно плаќање на службените трошоци секаде во светот, бескаматен период до 40 дена и најниски камати на искористен кредитен лимит.

Повеќе



Подигнувајте готовина во секое време преку широката мрежа на банкомати на Комерцијална банка.

Локации на банкомати