Дали е Garmin Pay бесплатна?
Да, Garmin Pay e целосно бесплатна платформа. Корисникот нема трошок за симнување на апликацијата Garmin Connect, нема трошок за додавање картички и нема провизии при плаќања.
Дали Garmin Pay може да се корисни со сите паметни часовници?
Не, оваа платежна платформа може да се користи исклучиво со Garmin часовници кои имаат функционалност со Garmin Pay.
Провери дали твојот Garmin часовник има функционалност со Garmin Pay на следниот линк.
Каде можам да плаќам со Garmin Pay?
Со Garmin Pay можеш да плаќаш на сите продажни места кои имаат ПОС терминал со бесконтактен читач.
Дали можам да додадам повеќе картички во Garmin Pay?
Да, Garmin Pay ти овозможува да додадеш до десет платежни картички.
Дали при плаќање со Garmin Pay е потребно да внесам ПИН?
Пред плаќање со Garmin Pay на ПОС терминал потребно е да го внесеш безбедносниот ПИН за да пристапиш до платежната апликацијата, а потоа можеш да извршиш плаќање.
Дали има лимит за плаќање преку Garmin Pay?
Лимитот за плаќање со дигитализирана картичка во Garmin Pay кореспондира со лимитот на твојата физичка картичка. Промена на лимитите за секоја од твоите картички од Комерцијална банка може да направиш преку мобилната апликација мБанка, преку Интернет банка, или во најблиската експозитура или филијала.
Дали Garmin Pay е безбеден за користење?
Да, оваа платежна апликација користи најнапредни безбедносни структури преку кои обезбедува највисок степен на сигурност и заштита на информациите на корисникот. При извршување на трансакција, Garmin Pay наместо точниот број на кредитната или дебитната картичка, испраќа виртуелни шифри за трансакција на сметката, кои ги претставуваат податоците на плаќачот. Исто така, при додавање на картичките во Garmin Pay, бројот на картичката не се зачувува ниту на уредот ниту на серверите на Garmin.
Дали Garmin Connect е достапна за кој било Android и Apple мобилен уред?
Garmin Connect е достапна на Android уреди со 7.0 Android оперативен систем (компатибилен и со мобилен и со таблет) и на iOS уреди со 15.0 оперативен систем (компатибилен и со мобилен и со таблет).
Каде можам да ги видам извршените транскации?
Историјатот на трансакциите не можеш да го видиш на твојот паметен часовник. Истите можеш да ги видиш на Garmin Connect мобилната апликација, во делот Garmin Pay Wallet, и се разбира, преку електронското банкарство на Комерцијална банка.
Што ако го загубам часовникот?
Не грижи се. На Garmin Connect мобилната апликација веднаш можеш да ги избришеш дигитализираните картички, а дополнително можеш да се јавиш на корисничката 24 часовна поддршка во контакт центарот на Банката на (02) 3247 474.