За полесно и поедноставно следење на промените и на состојбата на вашите сметки, деловни картички и кредитни производи, Банката ги нуди следните видови дигитални известувања:
- СМС известувања за состојба и промени на платежна сметка,
- СМС известувања за состојба и промени на сметки на деловни платежни картички,
- Бесплатно доставување изводи од платежна сметка преку електронска пошта (e-mail),
- Известувања за прием на каматни листи за кредити, гаранции и депозити.
Предности на дигиталните известувања за правни лица:
- без месечен надомест,
- известувањa во врска со вашата сметка и картичка на кое било место во светот,
- следење на промените на сметка и на картичка 24 часа во денот, 7 дена во неделата
- заштита од повеќекратно реализирање на иста трансакција,
- спречување злоупотреба на сметка и на картичка,
- дополнителна безбедност при вршење трансакции.
СМС известувања за деловни платежни картички
Корисник на услугата СМС известувања за деловни платежни картички може да биде секој корисник на деловна платежна картичка од програмите на Mastercard и Visa кои ги издава Банката.
Услугата СМС известувања за деловни платежни картички опфаќа:
- информација за секоја трансакција на платежната картичка на корисникот на услугата, заедно со информација за состојбата на сметката на платежната картичка,
- опомени за заостанати долгови,
- други информации.
За добивање и користење на услугата СМС известувања за деловни платежни картички се потребни следните документи:
Општи услови за користење на услугата СМС известувања за деловни картички
Барање за користење на дигитални услуги за платежни картички на правни лица
Дигитални известувања за денарска и за девизна платежна сметка
Корисник на услугата може да биде правно лице кое има отворено денарска или девизна платежна сметка и поседува:
- мобилен телефон или
- валидна адреса во електронска пошта уредно пријавена во Банката.
За добивање и користење на услугата дигитални известувања за денарски или девизни платежни сметки на правни лица, потребни се следните документи:
Барање за користење на електронски сервиси за платежни услуги
Пополнетото Барање за користење на услугата можете да го доставите во една од поголемите експозитури или во филијала на Банката.
Дигитални известувања за прием на каматни листи за кредити, гаранции и депозити
За добивање и користење на услугата за дигитални известувања за каматни листи за денарски кредит, гаранции и депозити потребни се следните документи:
Барање за користење на услуга за прием на каматни листи преку електронска пошта
Ви треба помош?
За помош, технички проблеми, прашања и поддршка, можете да се обратите:
- во контакт–центарот на (02) 3296 800, од понеделник до петок од 08:00 до 18:00 часот, во сабота од 08:00 до 14:00 часот или
- на адресата на е-пошта: support@kb.mk.