
Комерцијална банка предупредува дека е забележана измамничка кампања со испраќање лажни e-mail пораки при што испраќачот се претставува во име на Комерцијална банка, а во кои се бара ажурирање на информации за вашата сметка преку кликање на линк.
Бидете внимателни со e-mail пораки со Subject „Ажурирање на Вашите Сметковни информации е Потребно“. Истите не се испратени од Банката.
Комерцијална банка никогаш нема да побара ажурирање на вашите податоци преку електронска пошта и/или со кликање на линк. Обратете внимание на испраќачот на e-mail пораката, „Комерцијална банка <no-reply@mdf.ee>“, затоа што оваа адреса не е од доменот на Банката.
E-mail пораките од ваков вид најдобро е веднаш да ги бришете.
Споделете ја информацијата на сите на кои мислите дека ќе им биде од корист.
