До кога важи оваа промоција?
Промотивната понуда за бонус при прием на првата плата на платежна сметка во Комерцијална банка важи до 31.12.2023 година.
Промотивната понуда за бонус со издавање кредитна картичка важи доколку истата е издадена до 31.12.2023 година и со неа имате направено транскација до 31.12.2023 година.
Следи ги нашата веб страница и нашите објави на социјалните мрежи за да бидеш во тек со сите промотивни понуди.
Дали бонусот важи и доколку во минатото сум примал плата на сметка во Комерцијална банка и сега повторно ја префрлам?
Бонусот при прием на прва и трета плата важи само доколку клиентот во претходните 120 дена нема плата на платежна сметка во Комерцијална банка.
Бонусот за издавање и активирање кредитна картичка важи и за клиенти кои веќе примале или примаат плата преку Комерцијална банка и за оние кои за првпат ќе примат плата на платежна сметка во Комерцијална банка.
Дали мора да извадам кредитна картичка за да го добијам бонусите?
Не, бонусот за добредојде и бонусот по прием на третата плата се независни од имањето кредитна картичка.
Бонусот за кредитна картичка можеш да го добиеш доколку добиеш кредитна картичка до 31.10.2023 година и со истата имаш трансакција во промотивниот период до 31.12.2023 година.
Дали мора да ја затворам мојата платежна сметка во друга банка за да ја примам платата во Комерцијална банка?
Не, твојата платежна сметка во друга банка може да остане отворена доколку сметаш дека ти е потребна. Доволно е на твојот работодавач да му посочиш дека платата сакаш да ја примаш на твојата сметка во Комерцијална банка.
Колку време е потребно за да се отвори сметка во Комерцијална банка?
Отворањето платежна сметка во денари во Комерцијална банка се врши веднаш. Сѐ што е потребно е да се пополни барање, а истото можеш да го направиш во најблиската експозитура на Банката, или целосно онлајн преку нашата веб страница со помош на електронската идентификација со OneID.