
Комерцијална банка предупредува дека е забележана измамничка кампања со испраќање лажни e-mail пораки, при што испраќачот лажно се претставува во име на Комерцијална банка и известува за пристигнат прилив.
Бидете внимателни со e-mail пораките затоа што во оваа кампања се користат Open Relay SMTP сервери и лажната порака изгледа како да е испратена од адресата “fxpayments@kb.com.mk” и нема видливи обележја според кои би можела да се препознае како лажна.
Банката во рамки на своите ингеренции има преземено активности во насока на укажување кон e-mail провајдерите задолжително да спроведат механизам со проверка на јавно публикуван SPF рекорд и на валидноста на e-mail серверот од кој се испраќаат пораките кај корисниците.
Споделете ја информацијата на сите на кои мислите дека ќе им биде од корист.