Поддржуваме инклузија – поддршка за настанот „Гуш бац е љубов“ на Аутизам ААМК

Преку поддршка на овој настан сакаме да придонесеме за општество во кое сите имаат право на среќа, љубов и достоинство.

09.05.2025

Прегратките и бакнежите се симболи на љубов, разбирање и почитување – вредности кои ни значат и ги поддржуваме. Затоа Комерцијална банка со особено задоволство обезбеди поддршка за инклузивниот настан „Гуш бац е љубов“, кој по шести пат ќе се одржи на 11 мај во Градски парк – Школка.

Овој настан, во организација на Здружението на граѓани „Аутизам ААМК, претставува отворена платформа за славење на различноста, рушење на предрасудите и градење на заедница заснована на емпатија и меѓусебна поддршка. Преку поддршка на овој настан сакаме да придонесеме за општество во кое сите имаат право на среќа, љубов и достоинство.

Полесно е заедно да направиме разлика и да создадеме свет во кој секој човек ќе биде виден, слушнат и прифатен.

[]