НОВО: Станбен кредит од Комерцијална банка без трошоци за одобрување и процена до 30 јуни

Станбениот кредит има фиксна годишна каматна стапка од 3 % за првите пет години и е достапен со опција за вклучено животно осигурување преку Триглав Осигурување Живот АД Скопје.

07.05.2025

Домот е многу повеќе од ѕидови и покрив – тоа е местото каде што се создаваат најтоплите спомени, каде што секој ден започнува со сигурност и завршува со мир. За твојот нов дом ти нудиме Станбен кредит без трошоци за одобрување и процена на имот со нов промотивен период до 30.06.2025.

Искористи ја оваа понуда затоа што ти овозможува бројни поволности за остварување на една од твоите најголеми животни желби.

Станбениот кредит има фиксна годишна каматна стапка од 3 % за првите пет години. Достапен е и со опција за вклучено животно осигурување преку Триглав Осигурување Живот АД Скопје, а сѐ со цел да добиеш финансиско решение кое ќе ги задоволи и твоите желби и твоите можности.

Кредитот е наменет за купување, изградба, доградба или реконструкција на стан, куќа или деловен простор, како и за купување градежно земјиште или недвижен имот во странство.

Преку следниот линк дознај повеќе за Станбениот кредит на Комерцијална банка, пресметај рата и поднеси податоци за да те контактираат нашите вработени.

[]