Комерцијална банка горд поддржувач на изложбата „Црвен се барјак развева“ на проф. д-р Кирил Пенушлиски

Комерцијална банка ја препознава вредноста на овој проект како дел од мисијата за унапредување на културното наследство и на националниот идентитет.

07.05.2025

Комерцијална банка е горд поддржувач на изложбата „Црвен се барјак развева“ на проф. д-р Кирил Пенушлиски – исклучителен културен проект кој ги обединува македонската историја, уметност, борба и народната традиција.

Преку внимателен избор на македонски борбени народни песни, дела од најзначајните македонски ликовни уметници и автентични историски предмети од неколку музеи во земјата, оваа изложба нуди длабоко и инспиративно доживување на борбената и културна сила на македонскиот народ.

Комерцијална банка ја препознава вредноста на овој проект како дел од мисијата за унапредување на културното наследство и на националниот идентитет. Во годината кога одбележуваме 70 години постоење, уште поголемо е задоволството да се поддржи настан што буди гордост и инспирација, ги негува корените и ја поттикнува уметничката и историската свест кај граѓаните.

[]