Исплатата на пензиите за февруари започнува на 28 февруари

Пензионерите кои имаат активна дебитна картичка со својата пензија ќе може да располагаат од петок, 28.02.2025 година, и ќе може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа.

27.02.2025

Комерцијална банка ќе започне со исплата на пензиите за февруари од петок, 28.02.2025 година.

Пензионерите кои имаат активна дебитна картичка со својата пензија ќе може да располагаат од петок, 28.02.2025 година, и ќе може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа.

Пензионерите кои не користат дебитна картичка, пензијата од 28.02.2025 година ќе може да ја подигнат во широката мрежа на експозитури и филијали на Банката од понеделник до петок, а секако и во сабота, кога филијалите на Банката низ целата земја и дел од експозитурите во Скопје работат од 9 до 12 часот.

[]