Со Visa Direct и мБанка движи ги парите брзо, лесно и сигурно од платежна сметка во денари на Visa дебитна картичка издадена од која било банка во земјата.

Додај ја твојата Visa Debit дебитна картичка од Комерцијална банка во регистарот на Visa+ и примај пари со оваа иновативна услуга.

Што е Visa Direct?

Visa Direct значи можност за брзо и едноставно префрлање пари од платежна сметка во денари на дебитна Visa картичка издадена од која било банка во земјата, кога сакаш и каде сакаш.

Ако имаш Visa Debit од Комерцијална банка, регистрирај го твојот телефонски број и додај ја картичката во регистарот на Visa+ преку мБанка за да примаш пари директно на твојата дебитна картичка.

Ако си корисник на мБанка со можност за вршење трансакции, од твојата платежна сметка може да испраќаш пари на Visa дебитна картичка издадена од која било банка во земјата.

 

Предности и придобивки

Visa Direct значи можност за брзо и едноставно префрлање пари.

  • Парите пристигнуваат во рок од неколку секунди и веднаш се достапни за користење, каде и да се наоѓаат испраќачот или примачот,
  • Услугата е бесплатна за префрлање пари на Visa Debit од Комерцијална банка, а во промотивниот период до 30 септември и за трансфери кон Visa картички издадени од други банки во земјата
  • Достапна е 24/7 преку мБанка на Комерцијална банка.

 

Како да овозможам примање пари преку Visa Direct?

За да ја користиш Visa Direct да примаш пари на твојата Visa дебитна картичка, потребно е:

  1. Да имаш активна Visa Debit дебитна картичка од Комерцијална банка,
  2. Да ја користиш мобилната апликација мБанка,
  3. Да ја додадеш твојата Visa Debit дебитна картичка во регистарот на Visa+ и да го регистрираш твојот телефонски број за прилив на средства. Одбери ја опцијата „Подеси Visa+“ во Главното мени на мБанка.

 

Како да овозможам праќање пари преку Visa Direct?

За да ја користиш Visa Direct да праќаш пари на Visa дебитна картичка издадена од која било банка во земјата, потребно е:

  1. Да ја користиш мобилната апликација мБанка со можност за вршење трансакции,
  2. Во делот на денарски трансфери, одбери ја опцијата „Префрли со Visa Direct“,
  3. Избери го примачот со одбирање на неговиот телефонски број од твојот телефонски именик,
  4. Пополни го краткиот налог и избери „Плати“.

Дали при префрлањето пари преку Visa Direct може да го следам текот на парите?

Да. Со Visa Direct парите пристигнуваат во рок од неколку секунди и веднаш се достапни за користење, а на твојата апликација за мБанка веднаш ќе добиеш бесплатно известување за прилив или одлив од твојата платежна сметка.

 

Дали плаќањата преку Visa Direct се безбедни?

Visa Direct се потпира на напредни безбедносни механизми, користејќи ја VisaNet мрежата – глобален платен систем кој управува со платежни трансакции во околу 200 земји. VisaNet овозможува повеќеслојна заштита на сите вклучени страни во трансакциите, потпирајќи се на вештачка интелигенција за детекција и спречување измами.

 

Дали Visa Direct е достапна за кој било мобилен телефон?

Visa Direct е достапна преку мобилната апликација мБанка на Комерцијална банка, која можеш бесплатно да ја преземеш од App Store (со iOS верзија 7 или понова), Google Play Store (со Android верзија 4.1 или понова) и AppGallery (со Android верзија 4.4 или понова).