КБ тимот повторно на пиедестал: Прво и второ место на Business Run 2025!

Тимот на Комерцијална банка и оваа година се искачи на пиедесталот на трката Business Run 2025 и покажа дека посветеноста и тимскиот дух се вредности со кои постигнуваат одлични резултати.

13.06.2025

Тимот на Комерцијална банка и оваа година се искачи на пиедесталот на трката Business Run 2025 и покажа дека посветеноста и тимскиот дух се вредности со кои постигнуваат одлични резултати.

Со прво и второ место во женска конкуренција и со второ место во машка и во екипна конкуренција, КБ тимот во состав Снежана Димовска, Елена Димитровска, Миомир Алексовски, Маријан Шамоски и Денис Димески имаше одличен настап на годинашниот Business Run, на кој учествуваа 40 компаниcки тимови и над 500 тркачи.

Честитки за:

  • Снежана Димовска, која беше апсолутна победничка во женска конкуренција.
  • Елена Димитровска, која го освои второто место со одлична трка и фантастичен резултат.
  • Миомир Алексовски, кој имаше извонреден настап и го освои второто место во машка конкуренција.

Честитки до сите членови на КБ тимот за нивната истрајност, храброст и спортски дух. Им благодариме што ја претставуваат Комерцијална банка со таква енергија и гордост!

[]